Блејк Лајвли по трет пат е бремена
Познатата холивудска актерка веќе има две ќерки со актерот рајан Рејнолдс, а се претпоставува дека и третото ќе дојде до крајот на летото.
Блејк за цело време на бременоста успева да се сокрие од фотографите, но овој пат беше „фатена“ во неочекувано издание на улиците во Њујорк додека се шеташе заедно со своите две ќерки Џејмс (4) и Инез (2).
Таа беше облечена во долг фустан со цветен дезен, со масивен шешир на главата, додека на нозете носеше бели папучи од Гучи кои воопшто не им се допаднаа на нејзините обожаватели на социјалните мрежи.
Во прашање е моделот „Princetown“ кој многумина ги потсетува на мокасини. Но според многумина ваквите папучи изгледаат грдо, па така една корисничка на Твитер напиша дека се грозни и дека на Блејк не и стојат воопшто.
Што мислите вие?