Вести

БЛАЗЕ СИ ИМ – овие граѓани утре на своите сметки добиваат уште една плата

Advertisement

Замената на возачките и сообраќајните дозволи од утре ќе се врши бесплатно, а без надомест ќе бидат издавани и патните листови на македонските државјани во странство, кои немаат пасоши со „Северна“, а треба да се вратат во Македонија да ги променат.

Замената на возачките и сообраќајните со новото уставното име на државата од утре ќе се врши бесплатно, а без надомест ќе бидат издавани и патните листови на нашите државјани во странство, кои треба да се вратат поради промена на личните документи.

Advertisement

Во државите каде нема дипломатско конзуларни претставништва издавањето на патните листови ќе биде он-лајн и со достава преку пошта. Овие одлуки попладнево беа донесени на седница на Владата, а за нив информираа вицепремиерот Битиќи и заменик министерот за внатрешни Бојмацалиев.

На новинарско прашање што ќе се случи со оние што веќе извадиле лични документи, дали тие се дискриминирани и како и кој на нив ќе им ги врати парите, Битиќи потврди дека на владината седница се разговарало и за тоа, но во овој момент нема одговор дали и како ќе бидат обештетени..

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, во прес конференција во Владата на Македонија информираше за денешната одлука на седница на Владата со која се задолжува МВР од утре да ги издава возачките дозволи и сообраќајните дозволи со новото име на државата, на товар на МВР.

Бојмацалиев во оваа прилика изрази благодарност до сите вработени во МВР кои изминатиот период се ангажирани во управните служби да работат на промената на личните документи на граѓаните.

„Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите колеги кои работата во управните служби изминатиот период кои работат во смени, за викенди и на празници, кои дадоа свој личен придонес за промена на патните исправи, на лични документи и сите останати документи кои граѓаните требаше да ги променат од Република Македонија со новото име Република Северна Македонија.

Воедно, ги информирам дека утре на своите сметки ќе добијат по една плата во висина од последната исплатена плата која ја имале од МВР, акт кој исто така е потпишан од мене и од министерот”, рече Бојмацалиев.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button