Благоја Грујовски „фатен“ на дело со Гавазова?! Kако кујунџијата Мане и убавата Зона Замфирова
Нешто ново се спрема...
Пејачот непрепознатлив, ваков досега не сте го виделе
Пејачот Благоја Грујовски важи за еден од омилените фолк-изведувачи, а сега ги изненади сите со своето последно издание.
Благоја овој викенд имаше снимање со својата колешка Сузана Гавазова, по што и се заблагодари на публиката и преку социјалните мрежи со неколку интересни фотографии со кои ги изненади сите.
Имено, тој позираше со сламен шешир на главата и облечен во стилот на боемите од почетокот на минатиот век, а и Гавазова блескаше со својот раскошен „винтиџ“ фустан и бела марама изработена со хеклање која што ја носеше префрлена преку грбот.
Како тие изгледаа во ова нивно боемско издание, погледнете во продолжение…
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Потсетуваме, Благој Грујовски веќе со децении важи за еден од нашите најпознати фолк пејачи и миленик на женската публика.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Тој пред само неколку дена го прослави својот 62-ри роденден, во еден познат скопски ресторан (повеќе за ова види тука), каде колегите го израдуваа со роденденска торта.
Фејсбук/ Благоја Грујовски
Повеќе детали од прославата, но и од промоцијата на спотот за песната „Мој пријателе“ што ја испеа заедно со Гоце Пејковски, а која што ја напиша братот на Благоја, Ташко Грујовски, погледнете тука.
Бонус видео