Благоја Грујовски и во седмата деценија важи за еден од најзгодните пејачи – посебно во вакво издание
Тој е еден од нашите најпознати фолк-пејачи
Благоја Грујовски важи за еден од нашите најпознати фолк-пејачи, но и миленик на припаднички на понежниот пол.
Тој често објавува фотографии и на социјалните мрежи и на нив секогаш изгледа весело и насмеано, и е во друштво со неговите колеги и колешки меѓу кои важи за мошне почитуван и врвен професионалец.
Но и покрај големата популарност, Благоја многу ретко зборува за својот приватен живот, па неговите обожаватели често се прашуваат што прави тој во слободното време кога нема настапи и кога е со своите најблиски.
Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски
Имено, познато е дека Благоја е голем хедонист и дека ужива во убавите работи, но и дека му е најубаво кога се дружи со колегите.
Впрочем тоа може да се види и од неговиот профил кој е полн со фотки на кои што е со нив, па дури и кога се опушта и кога нема обврски.
Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски
Па така на една од овие фотографии Благоја заедно со својата сопруга ужива со колешката Сузана Гавазова и нејзиниот сопруг Јасмин Курузовиќ, а како познатиот пејач и неговата колешка изгледаат и додека се опуштаат погледнете во продолжение.
Потсетуваме, Благоја заедно со пејачката Сања Цинцева за Нова година требаше да ја започне својата турнеја во Австралија, но овој настап во последен момент беше откажан.
Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски
Тој сега наместо во Австралија ќе ги забавува гостите во шведскиот град Вахјо, настан за кој веќе се бара влезница повеќе.
Повеќе за ова прочитајте тука…