Благоја беше ерген, но се ожени со вистинска убавица – погледнете каков фраер е синот на Адријана Алачки
Девојките воодушевени од тоа како изгледа синот на познатата пејачка и водителка
Познатата пејачка и водителка Адријана Алачки од бракот со харминикашот Горан Алачки има син и ќерка.
И за разлика од многу нејзини колешки, Адријана не ги крие своите деца од јавноста, а во минатото има снимено и неколку емисии заедно со нив воодушевувајќи ги своите бројни обожаватели.
Па така таа не крие колку е горда на своите наследници, а посебно беше среќна кога нејзиниот наследник заплови во браните води.
Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки
Имено, Благоја кој и покрај тоа што е правник по професија, се занимава и со музика и има свој бенд со кој свири.
Фото: Фејсбук/ Адријана Алачки
Тој неодамна се заколна на вечна љубов, а неговата избраничка Емилија на свадбата изгледаше како принцеза.
Фото: Инстаграм/ Емилија Алачки
На нивната свадба беа присутни многу познати лица од светот на нашата естрада, а еден од најинтересните моменти беше кога за микрофонот се фати колегата и пријателот на Адријана, Спасен Силјаноски.
Фото: Фејсбук/ Благоја Алачки
Тогаш многумина коментираа дека наследникот на Адријана и Горан станал голем фраер, но и дека неговата избраничка е убавица.
Фото: Инстаграм/ Емилија Алачки
Потсетуваме, македонската пејачка и водителка на „Вкусот на традицијата“ со Горан Алачки беше во брак 25 години.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Покрај Благоја Адријана и Горан од овој брак ја имаат и ќерката Грациела која во 2014 година се омажи со познатиот хармоникаш и композитор Игор Димовски, а веќе следната година ја добија ќеркичката Јана.
Фејсбук/ Адријана Алачки
Адријана и Горан решија да се разделат во 2011 година, а заради нивните деца останаа во добри односи.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Пејачката и по разводот го задржа презимето на нејзиниот поранешен сопруг, а синот Благоја името го доби по неговиот дедо, таткото на познатиот македонски хармоникаш.