Реклама
Наши ѕвезди

Благица Калева не се сеќава кога последен пат била олку среќна – погледнете како ја запросија нејзината ќерка (фото)

Реклама

Гордата мајка Благица Калева деновиве е исполнета со радост

Познатата фолк пејачка од Струмица, Благица Калева, конечно дочека среќни денови во нејзиниот живот.

Маркетинг

Откако пред 15-на години во тешка сообраќајна несреќа го изгуби сопругот Костадин и осумгодишната ќерка Викторија, таа долго време живееше во тага заедно со Марија, нејзината друга ќерка. Сепак таа успеа некако да собере сила и повторно да застане на сцената, а минатата година со песната „Горда мајка“ посветена на Марија го освои првото место на фестивалот „Фолк Фест Валандово“.

Но деновиве во нејзиниот дом навистина има причина за веселба. Ќерката Марија ја запроси нејзиното момче и тоа на мошне романтичен начин. Имено, тој заедно со пријателите, со транспарент и музика, ја запросил својата сакана пред нивниот дом. Тој и кажал на Благица дека сака да ја запроси нејзината ќерка, па се договориле да не и кажуваат на Марија. Кога и кажал да излезе на балконот, пејачката знаела што следува, но од возбуда целата треперела.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Благица Калева

„Ете, и ние дочекавме во нашиот дом да се пее, да се плаче од среќа. Марија и Борче се заедно од деца, цели 13 години трае нивната љубов, и бебето ќе ни дојде наскоро“, вели Благица во своето кратко интервју за порталот „Фокус“.

Фото: Фејсбук/ Благица Калева

Таа возбудена раскажа како се случило запросувањето, но и призна дека не се сеќава кога последен пат била олку среќна.

Фото: Фејсбук/ Благица Калева

Инаку, нејзината ќерка Марија е професор по англиски јазик и сопственичка на едукативниот центар Академика.

„Марија е сè во мојот живот и  мотив да продолжам понатаму, да бидам корисна во ова општество, да продолжам со тоа што отсекогаш сум умеела да го правам – да продолжам со песната’’ – изјави Благица во нејзиното интервју од пред неколку месеци за „Репортер“. Таа како минатогодишен победник на Фолк фест Валандово со песната „Горда мајка“ која беше посветена на нејзината ќерка Марија, оваа година ја отвори ревијалната вечер на познатиот фолк фестивал.

Не смееме да заборавиме дека сме луѓе

Таа тогаш изјави дека музиката во голем дел ѝ помогнала да се врати во колосек. Со групата ,,Модус’’ настапува повеќе од 25 години. Покрај многуте нејзини познати песни,  тука е и тажната „За моите очи четири“, за која вели дека е песна во која стиховите кажуваат сè, особено што ѝ било многу тешко по  две години од трагедијата повторно  да запее. „Се вратив на сцената, продолжив напред. Има претешки моменти во животот, но мора да научиме да се носиме секој со својот товар, и тоа не смее да биде причина да се повлечеме, да заборавиме дека сме луѓе“, изјави тогаш познатата фолк пејачка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button