Блага Петреска ќе ве изненади и со својот стил и изглед – пејачката и во осмата деценија си блеска (фото)
Пејачката ги воодушеви сите со својот настап во Кратово
Пејачката со полна пареа настапи пред бројната публика
Нашата позната фолк-пејачка Блага Петреска со својата неверојатна енергија настапи пред публиката во Кратово.
Таа претходниот викенд беше една од гостинките на фестивалот „Златни денови 2024“, а со својот настап ги воодушеви сите.
Но покрај добрата песна со која што пејачката ги воодушеви сите што уживаа под величествената отворена сцена, Блага уште еднаш покажа зошто е и неприкосновена кралица на добриот изглед.
Златни денови Кратово 2024
Имено, Блага за оваа пригода беше стокмена од глава до пети, а нејзиниот избор и овој пат никого не остави рамнодушен.
Златни денови Кратово 2024
Таа на сцената се појави во долг црн фустан со големи црвени цветови, преку кој носеше долг свилен кафтан.
Кога се појави на сцената направи одлична атмосфера, а со енергијата со коа што зрачи на свои 77 години сите ги воодушеви.
Златни денови Кратово 2024
Но ова секако дека не може да се опише со зборови, туку треба само да се доживее, посебно кога станува збор за оваа наша фолк-легенда.
Потсетуваме, кралицата на македонската песна е родена 1947 година, во Прилеп, но досега не само што никогаш не покажала умор од своите бројни настапи и концерти, туку и работи со полна пареа.
Златни денови Кратово 2024
Таа иако одамна ужива во своите пензионерски денови, не се откажува од својата најголема љубов во животот – музиката.
Златни денови Кратово 2024
Тоа впрочем можевме да го видиме и пред неколку месеци, кога Блага на празникот Благовештение или Благовец, го прослави именденот, но и својот 77-ми роденден.
Таа тоа го направи гостувајќи во „Мерак меана“, каде заедно со своите драги колеги, со песна го прослави роденденот.
Повеќе за ова прочитајте тука >>
Бонус галерија
Златни денови Кратово 2024
Златни денови Кратово 2024
Златни денови Кратово 2024