Битолчанец крадел по станови и цркви -полицијата конечно го фати на дело
Од полицијата известуваат дека одземеното ќе биде вратено на сопствениците
Долго време 47-годишниот С.Р. од Битола „харал’ по родниот град . Крадел премети кои му се допаѓале од соседите, останатите сограѓани и земал од црквите. На петата кражба, вчера, полицијата го фатила на дело.
Полициски службеници од СВР Битола го уапсиле С.Р.(47) од Битола. Тој бил „жив фатен“ при извршување „тешка кражба“ во помошна просторија од куќа на ул.„Илинденска“, сопственост на С.Т.(27) од Битола, стои во зивештајот на МВР.
Полицијата веднаш го привела во полициска станица каде во службен разговор признал уште четири кражби кој ги направил на подрачјето на Битола. Лицето влегло во куќи, станови и во параклис каде одземал работи на кои на него му се допаѓале.
Од полицијата известуваат дека одземеното ќе биде вратено на сопствениците, а по целосно документирање на случаите против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.