Билјана Дебарлиева се присети на еден од најтажните моменти во животот: „НАЈТЕШКО МИ БЕШЕ, одвај издржав да не заплачам!“
Македонската водителка збруваше за приватниот живот и откри работи кои публиката не ги знаеше.
Билјана Дебарлиева скоро 30 години е препознатливо ТВ лице и дел од јавниот живот на Македонија. Нејзиниот сопруг ѝ е најголема поддршка и тој ја поттикнал да започне со таа професија.
Со новинарство започнала да се занимава во 1993 година. Вели дека до ден денес работата ја работи со истиот жар и љубов, како првиот ден.
Важи за смирена и нежна личност и никогаш за неа нема да прочитате нешто невкусно, ниту пак кариерата ја градела врз основа на афери и шпекулации.
Во текот на годините имала можност да соопшти и убави и неубави вести, а како што изјави во интервју за „Репортер“, најтешко ѝ било да работи кога починал Тоше Проески.
„Најтешко ми беше кога почина Тоше, бев на вести тогаш, утринските вести, јас не знам како се воздржав да не заплачам. Веројатно сум се напила нешто за смрување, претпоставувам, не сум можела така да издржам“, кажа Дебрлиева.
Со нејзиниот сопруг Јован заедно се вкупно 32 години, 28 години во брк и претходно 4 години во врска.
„Во Охрид се запознавме, сосема случајно, тој од Скопје, јас од Скопје. Од 18 години сум со него, на 22 години стапивме во брак. Некој ќе рече млада многу, ама јас не жалам за тоа. Не ми е воопшто криво, не сум пропуштила ништо што можеби во тие години сум требала да го правам. Млади бевме и двајцата, Ана имавме каде да ја оставиме, родителите ни беа помлади, а и Ана беше такво дете што без проблем одеше секаде“, раскажа водителката.
Таа откри и детали од нивната свадба.
„Имавме 300 и нешто гости, правевме во Панорама хотелот на Водно, традиционално, не но многу ситници. Имаше велешка чалгија.
Беше многу убав сончев ден и секогаш на 15 октомври 28 години наназад секогаш е убав ден“, кажа Билјана.
Нејзиниот сопруг ѝ е најголема поддршка и тој ја поттикнал да започне со таа професија.
Но, иако таа се занимава со јавна професија, сепак тој е покомуникативен од неа.
„Многу сме различни во карактерот, ама веројатно така се надополнуваме. Тој е многу позборлест и покомуникативен од мене. Каде и да одиме, кога ќе се запознаеме со некој, тој станува омилен во друштвото“, раскажа Билјана.
Плод на нивната љубов се двете деца, Ана и Мики, кои се 10 години разлика.
За жал, и двајцата не тргнаа по нејзините стапки.
„Немаат желба да бидат на телевизија и никогаш и немале. Ана заврши Економски факултет, работи во мркетинг во една фирма, точно 5 години си е успешна во она што го работи. Мики е 4-та година средна, во „Ѓорѓи Димитров“ завршува, тој ќе биде матурант“, заклучи Билјана.
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева
ФОТО: Фејсбук / Билјана Дебарлиева