Овие работи направи ги за себе.
Не биди злопамтило, затоа што тоа ти штети на тебе, а не на тој кому замеруваш. На него баш му е гајле. Одмарај, спиј доволно и квалитетно. Биди сама. Слушај музика која ти годи. Тивко или гласно, како сакаш, како ти е мерак.Танцувај, движи се. Поминувај време со луѓе од кои нема да те боли глава
Шетај, сама. Тогаш мислите се движат како во рој, доаѓаат идеи и сѐ и сешто може да ти падне на ум. После прошетката измасирај си ги стопалата. Тие те носат, те трпат, потребна им е масажа. Биди благодарна што си овде, што си здрава. Патувај во секоја дадена прилика. На патувањата се запознаваш самата себеси на поинаков начин.
Молчи. Уживај во тишината, ако сакаш да седиш во тишина. Препознавај ги и прекинувај ги односите кои те гушат. Дувај балони од сјај. Цртај, иако не те бива за цртање. Јади овошје и пиј вода, никогаш доста од нив.Кога ќе падне снег, направи снешко. Прегрнувај ги блиските луѓе. Никој не се разболел од вишок прегратки.
Смеј се. Простувај. И ослободувај се.