Беше најпопуларна пејачка во 90-тите, а потоа се повлече: Што прави денес Искра Трпева
Немаше некој што не ја знаеше неа и нејзините песни.
Искра остави траен белег на македонската музичка сцена.
„Допри ме“, „Штом падне мрак“, „Странец“, се дел од песните кои ги одблежаа музичките почетоци на Искра Трпева, а тие се паметат и пеат и денес.
ФОТО: Принтскрин
Жареше и палеше на македонската музичка сцена, а потоа одлучи да се повлече.
Музиката е нејзина љубов и никогаш се нема откажано од неа, но како што изјави, поради обврските кои ги има нормално е да не е толку активна.
ФОТО: Принтскрин
Искра денес работи како професор по соло пеење во средното музичко училиште во Скопје
Пејачката е доста активна на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од своето семејство.
ФОТО: Фејсбук / Искра Трпева
Таа денес е среќно мажена со поранешниот македонски фудбалер Благоја Арсовски и е горда мајка на Ангела.
Она што најмногу ја исполнува е мајчинството.
Ангела е ученик во нижото музичко училиште, инструмент пијано.
ФОТО: Фејсбук / Искра Трпева
Желбата да се запише на музичко била на Ангела, а нејзините родители ја поддржуваат во секој нејзин чекор.
Според фотографиите на социјалните мрежи, може да се заклучи дека Искра се нема воопшто променето од почетокот на кариерата до сега.
ФОТО: Фејсбук / Искра Трпева
Препознатлива е по својата црвена коса и времето како да запрело за неа.
Погледнете и уверете се: