Беше Мис на Југославија, со години се бореше со тумор, а денес изгледа непрепознатливо
Во 1991 година беше прогласена за Мис на Југославија.
Пред повеќе од две децении ги освои сите со својата убавина, а потоа реши да ја искористи популарноста и почна да се занимава со музика. Под уметничкото име Дајана сними неколку албуми, а учествуваше и во Фарма.
Во прашање е Славица Трипуновиќ која денес е сопственичка на козметички салон и гази во петтата деценија од животот.
Но и покрај годините, таа се уште изгледа барем една деценија помладо, а за тоа сведочат и нејзините фотографии. Таа признава дека нема ништо против естетската хирургија и истакнува дека направила корекција на градите и устата, но и дека не треба да се претерува со нив.
Поранешната мисица во 2009 година имаше сериозни здравствени проблеми кога и беше дијагностициран рак на грлото на матката, но за среќа, болеста беше откриена во најраната фаза и добро се заврши.
Пејачката во 2013 ќе се омажи за бизнисмен од Канада и потполно ќе се повлече од јавноста и ќе му се посвети на својот бизнис со козметичкиот салон.
Очигледно дека за нејзиниот изглед заслужни се бројни третмани, ласери но и хијалурон.
Но како што вели самата, не е заговорник на ништо радикално доколку за тоа нема потреба, но затоа е голем поборник за природните методи на подмладување поради кои нема потреба да оди под скалпер.