Беше мис на Југославија, а денес лежи на милиони – му скокна во тавчето на шеикот од Дубаи и му роди три деца. Еве што прави секое утро
Поранешната мис на Југославија, Јелена бин Драи, важи за една од најубавите жени во светот и е во брак со шеик.
Таа на својот профил на социјалните мрежи откри што и помага да биде успешна и секојдневно да биде исполнета со позитивни идеи и самодоверба.
„Мојата дневна рутина“
„Мојата мантра на денот. Првата работа што ја правам наутро, веднаш штом ќе пристигнам во канцеларијата – вадам една картичка за мотивација и ја повторувам во текот на денот. Тоа ми помага да останам фокусирана, организирана и во исто време опуштена“, напиша Јелена бин Драи“.
Инаку, поранешната југословенска мисица Јелена е во брак со арапскиот милионер Саид бин Драји и има три деца.
Тие имаат ќерка Асија и две момчиња, Хилал и Хамдан.
Еве како живее поранешната мисица и сопруга на богатиот шеик
Поранешната мисица и успешна деловна жена, деновите во изолација ги минува со својот сопруг и трите деца во раскошниот дом.
Таа веќе со години е омажена за шеикот Саид бин Драи со кого живее заедно во Дубаи.
Тие живеат во огромна луксузна куќа која се наоѓа на самата плажа, а во дворот се наоѓаат базен, додека целиот имот е украсен со цвеќиња.
Според фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи можеме да видиме дека целата куќа е уредена со многу стил.
Таа во 1998 година беше Мис Југославија, Мис Фотогеничност и Мис интернет. Потоа патот ја води во Милано, а од таму во 2001 година заминува во Дубаи каде станува најбараната манекенка во Обединетите Арапски Емирати. Кога беше на врвот од својата кариера, преку пријатели ќе го запознае својот сегашен сопруг, арапскиот бизнисмен Саид чие семејство е едно од најмоќните и најбогатите во Емиратите.
Тие ќе се венчаат во 2008 година на гламурозна свадба, на еден од имотите на Саид недалеку од Дубаи.
Две години подоцна ќе ја добијат ќерката Асја, 2011 година синот Хилали и 2013 синот Хамдан. Нивните имиња имаат посебно значења – според Куранот, Асја е сопругата на фараонот и првата жена што отишла во рај, Хилал значи Млада месечина, а Хамдан милослив.
Во магазините често може да се прочита дека семејството Бин Драи е проценето на две милијарди долари, а Јелена никогаш не зборувала за тоа. Но и покрај огромното богатство, Јелена никогаш не била само сопруга, туку успешно води и неколку бизниси. Таа има синџир козметички салони и спа центри „Vanilla By Jelena” и „Chocholate by Jelena”, медицински центар, луксузен хотел, а е и успешна дизајнерка.