Беше една од нашите најпознати телевизиски водителки, но погледнете ја сега – блеска и во петтата деценија!
Ова беше посебен ден за неа...
Познатата водителка го прослави својот роденден
Водителката Снежана Велков го прослави својот роденден во кругот на семејството и блиските пријатели.
Таа позираше со насмевка на лицето и во интересен костум со бел кариран дезен, а ги изненади сите и со пораката што ја сподели.
„Точно 42. Малку за мудрување многу за лудување. Таман за посматрање и припазување. Уште млада за пензионирање троа стара за глупирње. Таман за ресетирање и од насобрани ствари зачистување. Уште млада за апаратче за притисок ама таман за апарат за кафе. Млада за бастун стара за на шипка таман за сукало во кујна. Млада за на бања, стара за во када таман за на море. Млада за пеги стара за акни таман за целулит. Млада за појас за кичма, стара за минич- таман за одело.“
Инстаграм/ Снеже Велков
„Млада за на физикална стара за во игротека таман за на точак. Млада за старачки екскурзии стара за диско таман за на концерт. Млада за јавување кај Роберт на утринска стара за на Дајте музика таман за на Нешто Конкретно. Млада да заборавам неправдини, стара да памтам глупости таман да уживам во убавини. Млада да не дослушувам, стара да избувнувам таман да терам све у пи*ку матер, 42 Машла“, напиша Велков под фотографиите.
Инстаграм/ Снеже Велков
Покрај големиот број убави желби што ги доби во пораките секако најубави се оние што и порачуваат дека годините не и можат ништо. Посебно од оние што се сеќаваат на водителката од времето кога го водеше популарното шоу „Икс фактор“, па кога ќе кажат дека и денес им изгледа подеднакво добро како и тогаш, што навистина е голем комплимент за секоја жена, нели?
А како Снеже изгледаше тогаш, но и на својот 42 роденден, погледнете и потсетете се од галеријата во продолжение…