Беше голема Гранд ѕвезда, но по скандалот со видеото и поранешното момче исчезна и целосно се промени
Многумина денес нема да ја препознаат...
Пејачката Сања Стојановиќ се прослави во 2007 година во „Ѕвездите на Гранд“ каде стигна до самото финале.
Но и покрај тоа што пред неа беше блескава кариера, откако во јавноста се појави нејзино „домашно“ видео, кое што го пушти нејзиното поранешно момче, таа реши да се повлече од јавноста.
Овој скандал долго време беше главна тема во соседството, а Сања бидејќи тогаш се уште беше неискусна и не можеше да се носи со новинарските прашања кои секако беа незгодни, реши дека е најдобро да се повлече и некое време да ја нема на сцената.
„Ми беше полесно да исчезнам, да ме нема и повеќе никогаш ништо да не пишуваат за мене“, изјави Сања во една пригода.
Но и покрај тоа што се повлече од јавноста, за неа и нејзиното видео продолжи да се зборува, а како што самата призна во една интервју за „Гранд магазин“ најстрашно и било како ќе ги погледне своите најблиски и пријателите во очи по сето она што и се случи.
Фото: Инстаграм/ Сања Стојановиќ
„Навистина беше голема срамота, но Боже мој“ започна Сања за голготата низ која помина по скандалот што и се случи.
„Никого не убив, никој не страдаше заради мене, и што сега?! Не можам да исчезнам и земјата да ме голтне“, објасни Сања во „Гранд магазин“.
Фото: Инстаграм/ Сања Стојановиќ
Како оваа пејачка за која долго време зборуваше целиот Балкан изгледа денес, откако ги извади силиконите и ослабна 15 килограми, но и како изгледаше на почетокот од кариерата, погледнете во продолжение…