Беше весело во домот на познатата македонска водителка: Им пристигнуваат честитки од сите страни – тој беше најсреќен!

На нивната семејна харомонија и сплотеност може секој да позавиди.
Македонската водителка Живкица Каленикова може да се пофали дека е богата жена.
Нејзиното најголемо богатство се нејзините деца и сопругот.
Тие се големо семејство, а во нивниот дом секогаш е весело и сите се подготвени за славење.

Уживаат во секој момент поминат заедно, а судејќи според видеата и фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, кај нив дома секогаш е весело.
Деновиве тие повторно имаа причина за славење.

Имено, првиот син на Живкица славеше роденден.

Даријан наполни 10 години, а гордата мајка сподели фотографии од него како бебе, па е се до денес.

„Додека трепнеш десетче. Права љубов мајкина“, напиша таа во опис на фотографиите.


Живкица е инаку долги години во брак со сопругот Зоран, а плод на ивната љубов се Даријан, Марко и Ана.
Освен нивните три деца, домот им е исполнет со уште двете деца на Зоран од првиот брак Калин и Леа.

Во многу свои изјави за медиумите, Живкица има напоменато дека е навистина прекрасно да се има големо семејство.
И покрај тоа што е мајка на три деца, на нејзината витка линија може да позавидат и помладите девојки.
За нејзиниот изглед вели задолжени се гените, но и редовниот тренинг. За себе вели дека е голем гурман и многу сака да јаде, па затоа е потребно дополнително да се потруди околу линијата.

Летната сезона на одмори веќе започна, па водителката одлучи уште веднаш да ја искористи.
После пандемијата која веќе втора година го заплашува светот, со масовната вакцинација и стекнуваето на колективен имунитет, започна и отвораето на границите, па луѓето сега имаат можност да патуваат во разни држави.

За македонската водителка ова беше само повик да ги спакува куферите и веднаш да појде на море.
На својот Инстаграм профил во кратките приказни таа сподели фотографии од плажа, во чој опис цитираше стихови од песната на светски познатта пејачка Пинк и нејзината ќерка Вилоу „Cover me in sunshine”.

„Кажете ми дека светот се врти од своите почетоци“, напиша Живкица во опис на фотографијата од прекрасната плажа, а на другата слика порача: „Покриј ме со сонце“.
Мајчинството најмногу ја исполнува и таа ужива времето да го поминува со своите деца.

А и кој не би уживал, кога покрај себе би имал така добро воспитани, забавни и креативни деца како нејзините.
Таа во една пригода на Инстаграм сподели интересно видео со кое насмеа многумина.

На видеото се гледа како нејзиниот син се обидува да ѝ го извади млечниот заб на својата сестричка и успева во тоа. Видеото во рекордно време собра многу лајкови и коментари.

Живкица и Зоран се трудат да ја одржуваат својата љубов како првиот ден и покрај сите обврски и професионални задолженија.
„Важно ми е да ја негувам и хранам врската и љубовта која ја имаме со сопругот.
Важно ми е да бидеме вистински партнери и пријатели, да се почитуваме, да си бидеме тука еден за друг во секое време. Разговори долги, отворени и искрени, решавање дилеми и полемики со чаша вино, гледање добар филм, слушање музика, патувања, ова се дел од работите кои ни значат многу и на двајцата. Децата се круна на љубовта, тие се најдоброто од нас. Сепак многу е важно дали и со кого ќе го делиме животот, кога децата ќе си заминат по својот пат“, изјави Живкица во едно од своите последни интервјуа за нашите медиуми.





ФОТО: Живкица Каленикова / Инстаграм
ФОТО: Живкица Каленикова / Инстаграм
ФОТО: Живкица Каленикова / Инстаграм
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин





