Беше весело во домот на Кате и Трајче од „Соната“ – им пристигнуваат честитки од сите страни (фото)
Познатата пејачка сподели преубава вест
Ова беше навистина еден посебен и незаборавен ден за нашата музичка фолк-ѕвезда Катерина Брезева од групата „Соната“.
Пејачката, но и нејзините најблиски имаа убава причина за славење, а нејзините објави на социјалните мрежи ги воодушевија сите.
Имено, Катерина го прослави својот роденден, а по тој повод се огласи и нејзиниот сопруг Трајче Бондиков, но и голем број фанови и пријатели.
Инстаграм/ Катерина Брезева
Нејзиниот сопруг јавно и го честиташе роденденот, а сподели и снимка од нивната прослава во еден ресторан.
Инстаграм/ Катерина Брезева
Со нив е и нивната ќеркичка Ана, која најмногу се радуваше кога нејзината мајка требаше да ја дувне свеќичката од тортата.
Инстаграм/ Катерина Брезева
Потсетуваме, Трајче и Кате повеќе од две децении настапуваат заедно со „Соната“, една од најпознатите групи за свадби, крштевки и веселби во Македонија, со бројни песни зад себе, познати и во дијаспората.
Инстаграм/ Катерина Брезева
Круна на нивната љубов
Тие во 2019 година се заколнаа на вечна љубов, по цели 18 години врска, а наскоро им се роди и нивната ќеркичка.
Инстаграм/ Катерина Брезева
Имено, Кате беше во осмиот месец кога зачекори на лудиот камен, па така веќе во јуни 2019 тие си имаа и принова.
Инстаграм/ Катерина Брезева
Малата Ана ова лето наполни пет години, а како гордите мама и тато се радуваа и на нејзиниот роденден, погледнете тука.