Беспрекорното тело во преден план – Елена од Сител во здолниште со кое им го украде шоуто на колешките
Водителката со ова свое феноменално летно издание привлече големо внимание и на социјалните мрежи
Водителката ги воодушеви сите со ова свое шик издание
Познатата водителка Елена Стојановска- Јанковска позираше во тесно здолниште и шарена блуска со кои го истакна своето убаво тело.
Елена со своите стајлинзи често знае да привлече големо внимание, а нејзиниот стил секогаш предизвикува воздишки.
Впрочем така беше и сега кога Елена направи едно селфи, а во фокусот и овој пат беше нејзиното фантастично издание.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Таа позираше во тесно розово здолниште, а целото издание го заокружи со блуска со кратки ракави со интересен дезен, високи потпетици и кармин во нијанса слична на бојата на здолништето.
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Потсетуваме, Елена и пред само неколку дена ги изненади сите со своето издание со кое се појави пред камерите.
Таа тогаш носеше црвен фустан, а во преден план ги истакна своите носе и повторно никого не остави рамнодушен.
Како омилената телевизиска водителка изгледаше и во ова свое женствено издание, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Елена Стојановска-Јанковска
Погледнете уште неколку изданија на оваа наша позната дама кои можат да ви послужат како инспирација за периодот што следува…