Реклама
Наши ѕвезди

Берта се збогуваше од човекот што жените го обожаваа – пораката што ја објави открива многу за него

Познатата водителка на ФБ објави неколку фотографии од француската актерска икона за кого вели дека бил митолошки привлечен

Реклама

Познатата водителка Берта Додевска е поприлично активна на Фејсбук и често споделува фотографии од нејзиното секојдневие.

Таа е позната по нејзината емисија „Незадолжително“ со која речиси да нема место на светот што него посетила, а фотографии од нејзините патувања водителката често објавува и на Фејсбук.

Па така водителката неодамна ги изненади сите со нејзините фотографии на кои во преден план е нејзиниот фантастичен изглед.

Маркетинг

Имено, Берта е една од оние дами за кои велиме дека се како виното, а нејзините фотки од грчкиот остров Евија го докажуваат тоа.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Берта Додевска

Но водителката сега со своите неколку последни објави ги изненади сите, а посебно оние што го обожаваа Ален Делон.

Берта на овој начин се збогуваше од познатиот француски актер кој почина завчера во 89 година од животот.

Покрај фотографиите од младоста таа сподели и еден негов познат цитат кој најдобро го опишува каков човек беше тој.

„Одговарајќи на прашањето за својот незгоден карактер, вели: Можеби имам незгоден карактер, но барем имам карактер“, напиша Берта, а потоа додаде коментар и под следната негова фотографија:

„За мене Ален Делон ќе остане како Бог со безвременски стил, талентиран, митолошки привлечен и токму она што го мислам кога ќе речам природно кул“, напиша Берта на својот профил на Фејсбук.

Потсетуваме, француската филмска легенда почина на 18 август 2024 година по долга и тешка борба со канцер.

Фото: Фејсбук/ Берта Додевска

Тој од 1978 година живее во Швајцарија каде еутаназијата е легална, а одлучи да замине на тој начин како и неговата сопруга.

Фото: Фејсбук/ Берта Додевска

Беше познат како машки Брижит Бардо и беше еден од најпопуларните европски актери и секс-симбол во 60-те и 70-те години.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button