Реклама
Модни совети

Белите фустани се совршени за топлите летни месеци – еве зошто ги ОБОЖАВАМЕ и кои модели им стојат убаво на сите дами

Реклама

Изберете го вашиот омилен модел

Фото: Инстаграм

Белата боја е одличен избор за топлите летни денови, без разлика дали носите фустани, здолниште или било што друго. И доколку се уште не сте пронашле модел што ви одговара, ви предлагаме да изберете бел фустан кој ќе го носите и обожавате за време на последните летни денови.

Се наоѓаме буквално сред летната сезона и многумина од вас се наоѓаат на своите годишни одмори. Тоа значи дека ве очекуваат прошетки по некои идилични калдрми во некои приморски или езерски гратчиња, кога ќе блескате со новиот тен што сте го добиле седејќи под сонцето.

Маркетинг

И доколку сакате да го истакнете вашиот тен во овие последни недели од летото, тогаш секако дека најдобар избор се белите фустани. Покрај тоа што изгледаат неодоливо, тие се и одличен избор за високите температури, а главна предност им е и во тоа што за момент можете да ги претворите од дневна, во вечерна варијанта. И тоа од неодоливо лежерно издание, во потполно шик, сензационално и гламурозно.

Маркетинг
Фото: Инстаграм

Во продолжение погледнете неколку модели кои се ИН оваа сезона и изберете го она што ви се допаѓа најмногу.

Фото: Инстаграм

Можете да изберете „слип“ модел, кој потсетува на ноќница и кои веќе неколку години се на самиот врв кога се во прашање трендовите. Тие беа популарни во 90-тите, а пред неколку сезони се вратија и се уште се ИН. Покрај нив, во тренд се и моделите со отвори, без разлика дали се дискретни или впечатливи – во комбинација со вашиот убав тен, во нив ќе изгледате впечатливо и неодоливо, без разлика дали ги носите на плажа или на некоја журка.

Фото: Инстаграм

Покрај овие два модели, во последно време дамите што ја следат модата имаат уште еден „маст-хев“ фустан за во летните месеци. Во прашање се удобните и практични плетени фустани кои се идеални за најразлични ситуации, од оние кога одите на плажа, па се до прошетка низ град или вечерно излегување. Покрај тоа што можете да ги носите со сандали, тие одлично стојат и со патики, но и со чизмички и јакна, па совршено ќе се вклопат и во вашите есенски комбинации.

Фото: Инстаграм/ Тамара Тодевска

Погледнете ги и останатите модели:

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button