Белите патики се уште се хит, а ќерката на Заев знае како да ги носи – погледнете како ужива шетајќи се низ европските метрополи!
Taa овој пат одлучи да позира во опуштео пролетно издание кое на многумина може да им послужи како инспирација.
Ќерката на поранешниот премиер на Македонија Зоран Заев, Александра Заева, на својот Инстаграм профил деновиве сподели неколку фотографии од нејзиното патување низ Европа на кое што замина со своите пријателки. Таа најпрво беше во посета на Франција, а потоа и во Шпанија, а на нејзините фанови посебно интересни им беа комбинациите со коишто Александра позираше на ова свое патување.
Таа е препознатлива по своите опуштени изданија, зачинети со елегантни детали и софистициран стил, а овој пат ги изненади сите и своите патики.
Во прашање се бели патики од еден познат светски бренд кои Заева пред само неколку дена ги носеше во комбинација со тренч мантил (види повеќе тука), додека овој пат ги искомбинира со пократки крем панталони и црна јакна.
Ваквите тренди патики можат да ја збогатат секоја „стрит-стајл“ комбинација, па затоа и веќе долго време се наоѓаат на модниот трон. Тие на модната сцена се појавија пред неколку години кога направија вистинска револуција во светот на модата, префрлувајќи се од спортските терени и теретаните на модните писти и станувајќи дел од комбинациите на светски познатите трендсетерки и модни блогерки.
Но откако удобноста и модата се споија, на сите ни стана полесно, па сега патиките ги носиме и со здолништа и фустани, во секоја пригода и во секој дел од денот. Ова посебно важи за белите модели кои можат да се комбинираат буквално со сé, и тоа без да се плашите од грешки.
Како изгледаше Александра во своите тренди бели патики, но и неколку тренди модели од најпознатите светски брендови, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Александра Заева
Фото: Инстаграм/ Александра Заева
Фото: Инстаграм/ Александра Заева
Фото: Инстаграм/ Александра Заева
Фото: Инстаграм/ Александра Заева
НАШИ ПРЕДЛОЗИ:
Nike
Adidas
Suprega
Everlane
New Balance
Adidas
Nike
Vans
Puma
Alexander McQueen
Converse
Vans
Adidas
Vans
Cariuma
Reebok
Adidas
New Balance
Concept 3 by Skechers
Adidas
Ash
EYTYS
Off-White