Безусловна љубов и неповторлива среќа: Погледнете каде ја однесе Јордан Митев својата ќеркичка на одмор
Пејачот ужива со својата мала принцеза во македонскиот бисер.
Јордан се топи кога е покрај неа.
Нема поубави и посреќни моменти за Јордан Митев, од моментите поминати со неговата ќеркичка Кристина.
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
Во октомври минатата година, Јордан и неговата сопруга Славица се остварија во улогата на родители.
Парот кој долги години е заедно, минатата година беше благословен со своето прво чедо – ќеркичката Кристина.
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
Кристина се роди во Австралија, додека Митев беше на турнеја, а неговата сопруга го приружуваше.
„Името Кристина беше повеќе желба на сопругата бидејќи кога ја крстиле Славица тоа било избор на нејзините родители а во предлозите за нејзино име било и името Кристина. Почувствував дека на некој начин тоа и било голема желба бидејќи знаеше така од време на време да ми го спомне името Кристина. Затоа сакав да и се исполни желбата. Секако и за мене тоа е убаво женско име со големо христијанско значење“, изјави Јордан за Гламур магазин.
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
Инаку, Славица е родена во Австралија, но по стапувањето во брак со Јордан одлучи да се пресели во неговото родно село Подареш, радовишко.
Пејачот не ја крие среќата и фактот дека ужива во улогата на татко.
На неговите социјални мрежи често споделува и фотографии од најубавите моменти поминати со Кристина.
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
Деновиве, после напорните настапи, Митев одлучи да земе малку оддишка и замина во Охрид заедно со своето семејство.
Заедно со Кристина влезе да се искапе во водите на Охридското езеро, а овој важен момент за него го овековечи со фотографија.
На среќата ѝ нема крај, а тоа се гледа и на сликата.