Реклама
Наши ѕвезди

Без оваа жена Спасен не може да живее ниту еден ден – погледнете колку се среќни кога се заедно (фото)

Никогаш не изгледал посреќно

Реклама

Познатиот фолк-пејач Спасен Силјаноски важи за еден од омилените пејачи посебно кај претставничките на понежниот пол.

Но тој веќе со години е во среќен брак со неговата сакана сопруга за која не крие дека е онаа вистинската жена за него за каква отсекогаш сонувал и со каква отсекогаш сакал да основа семејство.

Нивната љубов трае веќе со години, а круна на оваа романтична врска се нивните две деца, кои се на возраст седум и девет години.

Маркетинг

Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Пејачот секогаш истакнувал дека секој момент поминат со најмилите за него претставува нешто посебно, а како што и самиот напиша во една пригода, за пејачот љубовта отсекогаш била поважна од сé.

Маркетинг

Впрочем тоа можевме да го видиме и од последната објава на кој Спасен е заедно со сопругата на една свадба.

Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Тие и двајцата блескаат кога се еден покрај друг, а Спасен цело време не ја трга насмевката од своето лице.

Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Потсетуваме, Спасен и Ана се во брак веќе 10 години, а се запознале на едно необично место.

Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Спасен со својот син

Имено, како што самиот откри во една пригода, тие се запознале во Аушвиц, каде тој бил како музичар, а неговата сакана како туристка.

Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Помеѓу нив веднаш се родила љубов, а откако се вратил во Македонија имал несреќа заради која завршил во болница.

Фејсбук/ Спасен Силјаноски

„Се запознавме, во тој период кога се вратив имав несреќен случај, мојата сопруга тогаш не ми беше сопруга, ми беше девојка доаѓаше скоро секој ден кај мене на посета и не одеше во училиште туку се грижеше за мене како мојата девојка“, се присети Спасен во една пригода на овие посебни моменти од животот.

Како што самиот изјави тогаш, си дал ветување дека откако ќе оздрави и ќе ја напушти болницата ќе ја запроси.

„До ден денес ја одржуваме љубовта. И да се врати времето повторно би го направил истото, ништо не би променил“, откри тогаш Спасен во емисијата „Магазин“ која се емитува на телевизија Сител.

Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Фејсбук/ Спасен Силјаноски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button