Бали-бег и Неџла објавија фотографии од малиот Каран и го срушија Инстаграм – погледнете на кого личи нивниот син
Фановите воодушевени од нивната сличност
Популарниот турски актер Бурк Озџивит кој се прослави со улогата на Бали-бег во серијата „Сулејман Величествениот“ сподели неколку фотографии со својот син Каран и ги воодушеви фановите на социјалните мрежи.
Шармантниот турски актер фотографијата ја сподели од својот приватен профил и од неа можеме да видиме дека Каран пораснал и дека го интересираат автомобили. Едногодишниот син, кој беше зад воланот додека татко му го возеше автомобилот, привлече внимание како со својата страст за автомобили, така и со својот позерски израз заради кој многумина на социјалните мрежи коментираа дека неверојатно личи на својот познат татко.
Синот на Бали-бег, Карак Озџивит, утре треба да го прослави својот втор роденден, а гордиот татко ги изненади фановите.
Каран се роди на 14 април 2019 година, и секоја негова фотографија ги радува обожавателите на познатите родители.
Турскиот актер одвај чекаше да стане татко. Тој толку беше среќен што веднаш откако ги дозна среќните вести му отвори профил на социјалните мрежи, уште пред да се роди, и тој сега има околу 130.000 фанови.
Тој и неговата сопруга секој слободен момент го поминуваат со нивното дете кое утре ќе го прослави својот втор роденден. А со последната фотографија можеме и да видиме на кого малиот личи? Погледнете ги само неговите очи.
„Ах, срце мое“, напиша гордата мама под фотографиите на Инстаграм.
Инаку, сопругата на маркантниот Бали-бег, убавата Фахрие Евџен, само еден ден претходно присуствуваше на презентација одржана во хотелот „Four Seasons“. Презентацијата беше организирана од бренд за пелени, а таа како заштитно лице на состанокот спомена дека во соработка со „Needs Map“ ќе донираат пелени кои што би требало да ги задоволат потребите на десетина илјади сиромашни деца.
Во рамките на состанокот таа зборуваше и за промените што и се случиле во животот откако во 2019 го роди Каран.
„Отсекогаш мислев дека добро управувам со моето време и бев горда на самата себеси, бидејќи тука беше универзитетот, мојот деловен живот, успеав успешно да го менаџирам сето тоа, но откако бебето влезе во мојот живот, видов дека не е баш така лесно, тоа потполно го преврте мојот ритам“.
„Тоа е така затоа што бебето има свој ритам и мајката мора да одви време за него“, зборуваше актерката на состанокот.
Таа потоа го додаде и следново:
„Долго време немав поддршка од никого, освен од Бурак. Од тие причини дојде и до сериозни промени во мојот живот“ изјави Фахрие.
Таа со следните зборови ја објасни промената на своите чувства откако се оствари во улога на мајка.
„Станав многу поемоционална откако станав мајка. Но два главни проблеми почнаа да ме болат многу. Дали секое бебе расте под еднакви услови? И дали секое семејство може да се грижи за своето бебе под еднакви услови? По некое време почнав многу длабоко да ја чувствувам оваа тема“, изјави Евџен во своето обраќање објаснувајќи ги причините заради кои се вклучила во овој хуманитарен настан.
Инаку, Бурак и Фахрие синот го покажуваат само во ретки пригоди, а своевремено објаснија дека на Инстаграм му отвориле налог за да го заштитат од лажни профили. Но неговиот профил и по две години има само една фотографија, додека другите се објавени кај неговите родители.
Погледнете уште некои од нив…
Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит
Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Бурак Озџивит
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен