Реклама
Секс

Бакнувањето е поефикасно од диетите – кога се бакнувате, не стареете и согорувате калории

Реклама

Бакнежот, но искрениот, страстен и мил, ги буди најдлабоките чувства во сите нас, бидејќи ги ослободува хормоните окситоцин и ендорфин.

Првиот кај човекот создава чисто задоволство, а другиот чувство на благосостојба, среќа, па дури и еуфорија.

Маркетинг

Бакнежот на вљубениот пар функционира исто како морфиумот, па можеби дури и посилно од него. Чувствата кои во човекот ги предизвикуваат бакнежите позитивно влијаат врз неговото ментално и физичко здравје и на тој начин всушност му го продолжуваат животот .

Искуството покажува дека бакнувањето помага и при заздравување од болести, односно го забрзува процесот на закрепнување и го прави поуспешен.

Маркетинг

Секој бакнеж го размрдува целото лице, а најмногу оној најљубовниот, францускиот бакнеж, кога се активираат повеќе од 30 мускули. Кога се бакнувате се затегнува лицето и кожата околу устата. Затоа велат дека бакнежите, особено ако често се практикуваат, на сосема природен начин го забавува стареењето на овој дел од вашето тело.

Бакнежи согоруваат калории

За неколку минути бакнување согоруваат околу 30, а за еден час и повеќе од илјада и пол калории. Тоа е од корист за здравјето на кардиоваскуларниот систем, особено за циркулацијата, бидејќи го зголемува бројот на отчукувањата на срцето и бројот на вдишувања.

Единствената лоша страна на бакнувањето е тоа што се пренесуваат бактерии, така што од него може да заработите херпес, но исто така и мононуклеоза.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button