Бака Прасе доживеа не виден cpaм од овие две познати дами – гopaт СОЦИЈАЛНИТЕ мрежи, јутуберот НЕ го очекуваше ова
Бака Прасе и остави бe*oбpaзен коментар, но нејзиниот одговор беше бpyтaлен
Познатиот јутубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, повторно се избламира на социјалните мрежи.
Овој пат тој и остави коментар на една популарна девојка на Инстаграм, но кој имаше „безобpaзна“ конотација.
Имено, тој на една фотографија на која девојката позира во пpoвокативно издание, напиша:
„Ех, што би дал да сум тој ѕид“, напиша тој под фотографијата на која девојката е потпрена до ѕидот.
Но одговорот што го доби од неа секако дека не го очекуваше. Еве што му напиша таа:
„Ех што би дала да ти го изгаснат Инстаграмот“, му одговори девојката, а нејзината реакција стана хит на социјалните мрежи.
Многумина го поддржаа нејзиниот одговор, а дали Бака Прасе ќе и се „одолжи“ останува да видиме.
Инаку, тој неодамна доживеа голема непријатност и од сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.
Имено, тој сакаше да направи заедничка фотографија со него, па решил да му се обрати преку сопругата.
„Напишав дека јас сум првиот јутубер, тој првиот рекет, а дека би можеле да се сликаме. Му кажав дека нон-стоп сум во ресторанот, што е вистина, но и малку да се пофалам, да соберам поени, и еве што ми одговори“, изјави Бака во видеото објавено пред една недела кога ја прочита и пораката од Јелена Ѓоковиќ, која му се обратила со следниве зборови.
„Хахаха, откачен си! Слушај, во кратки црти, ти навистина си најдобриот јутубер. Ти честитам од срце. Се избори за нешто што тебе ти е важно. Јас секогаш ги набљудувам младите луѓе и слушнав за тебе, но вредностите што ги истакнуваш не се поклопуваат со оние во што ние веруваме. Ти избра да промовираш материјални работи и по малку вулгарен начин на изразување. Ние одиме по друг пат. Тоа не значи дека тоа што си го избрал не носи резултати“, прочита тој и неколку пати го повтори зборовите „не се поклопуваш“.
„Па и Ноле пцуе, развалува кога ќе изгуби поен, јас сум мало бебе за него“, изјави тој и додаде:
„Подобро ќе беше да кажеше дека не сакаме“!
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе