Баба Цеца ужива со малиот Жељко, а Богдан испотен го покажа МУСКУЛЕСТОТО ТЕЛО и ги „зaпaли“ социјалните мрежи!
Новото момче на Цеца сака да биде во топ форма
Најголемата фолк ѕвезда во регионот, Цеца Ражнатовиќ, веќе со месеци ужива во љубовта со нејзиниот нов, осум години помлад партнер, Богдан Срејовиќ.
Богдан се занимава со угостителство, а по потекло е од Белград и многумина го знаат како „градска фаца“.
Тој пред Цеца беше во брак со сегашната девојка на пејачот Саша Ковачевиќ, со која што ја има ќерката Искра.
Тој редовно посетува теретана во близина на местото каде што работи, каде неколку пати неделно оди да вежба, а овој пат објави и фотографија со која го запали Инстаграм.
Во преден план е бицепсот и неговото убаво, мускулесто тело со кое ги воодушеви припадничките на понежниот пол.
Инаку, за разлика од Богдан, Цеца на социјалните мрежи објави видео со кое ги разнежни нејзините следбеници.
Пејачката која постојано се огласува преку својот профил на социјалните мрежи како горда баба, овој пат покажа како го минува времето со малиот Жељко.
На видеото што го сподели Цеца се гледа како малиот Жељко спие во нејзините раце.
Неговата сина цуцла се наоѓа на нејзините гpaди, а пејачката не ја тргаше насмевката од своето лице.
Инаку, Цеца овој викенд го имаше својот прв настап по подолг период заради ситуацијата со пандемијата.
Таа пееше на една роденденска прослава во срцето на Шумадија, по повеќемесечната пауза.
Цеца блескаше во бело модно издание во кое изгледаше одлично, а и атмосферата што ја направи беше за паметење.
Гостите беа весели, посебно додека убавата пејачка ги пееше своите најголеми хитови, а меѓу присутните беше и нејзината наследничка Анастасија Ражнатовиќ.
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ