Ау, на нашата позната фолк-пејачка и се пушта девојка?! Нема да ви се верува какви пораки си разменија на социјалните мрежи
Опасна обожавателка на Адријана Кеш
Нашата фолк ѕвезда Адријана Кеш е навикната од фановите да добива секакви пораки на социјалните мрежи, но очигледно вакво нешто не очекувала.
Имено, досега никогаш не и се случила да и се додворува некоја девојка, и тоа на олку директен начин. Имено, пејачката беше запрепастена кога на Инстаграм и стигна прашање од една нејзина обожавателка, а во која таа без влакна на јазикот ја прашува дали некогаш била со друга девојка.
Кеш деновиве одговараше на прашањата на обожавателите, што ги добива преку своите „Инстаграм приказни“, а најинтересното од нив, на кое очигледно во моментот немаше одговор, реши да го сподели со своите фанови.
„Дали некогаш ти се пуштила некоја л*****ка, ја праша една обожавателка Адријана. На фолкерката очигледно и беше многу досадно, и реши да направи мала драма на социјалните мрежи, па и одговори во свој стил.
„Хммм… велиш л*****а, а не знам пто да ти одговорам на ова прашање“.
Инаку, ова не и е прв пат на Кеш да одговара на провокативни прашања поставени од нејзините обожаватели.
Таа и неодамна подигна прашина кога одговори на прашањето „со колкумина досега имала односи“. „Не е интересно да ти кажам со број… Многу појако ќе биде ако ти кажам со име и презиме, па кога веќе водиш евиденција нека биде како што треба, одговори во шега познатата фолкерка.