Реклама
Наши ѕвезди

Атиџе лежи во БОЛНИЦА – Сузана ТУРУНЏИЕВА со емотивна порака…

Бескрајно БЛАГОДАРАМ на тетка Илинка, првата сосетка на Атиџе која видно загрижена синоќа ми се јави и ми кажа дека Атиџе е во лоша здравствена состојба, напиша водителката

Реклама

Водителката Сузана Турунџиева или најдобрата пријателка на Атиџе Муратова постојано објавува фотографии со нив. Благодарение на Сузе знаеме како е медената кралица инаку како минува времето по прикажувањето на филмот „Медена земја“ речиси и никој друг да не ја споменува Атиџе.

Сузана е права пријателка која се нејзе поминува дел од слободното време. Одат заедно на прошетка, на одмор, на ручек, водителката и оди на гости дома, а често и Атиџе е добредојдена во нејзиниот дом.

Маркетинг

Но, последната објава што ја напиша Сузе, а поврзана со Атиџе, ја загрижи јавноста. Таа пиша дека Атиџе лежи во болница во Велес. Благодарение на првата сосетка на Атиџе , тетека Илинка, таа на време била пренесена во рацете на лекарите и состојбата и е стабилна.

Маркетинг

Еве што напиша Турунџиева на фејсбук:

Понекогаш соседот ни е повеќе од роднина!

Бескрајно БЛАГОДАРАМ на тетка Илинка, првата сосетка на Атиџе која видно загрижена синоќа ми се јави и ми кажа дека Атиџе е во лоша здравствена состојба. Веднаш ја контактирав матичната докторка на Атиџе – др.Сузана Јовановска Илиева, која реагираше во истиот момент, ме смири, ми помогна и ме упати на дежурните во брзата помош на Св.Николе, каде се уверив во нивната огромна експедитивност и професионализам.

Благодарение на нив, Атиџе вчеравечер беше пренесена во болницата во Велес. Огромна среќа е што и таму, во Интерното одделение, дежурните лекари и дале веднаш терапија и ги направиле сите неопходни анализи.

 

Денеска Атиџе е во многу подобра состојба, а на моја замолница беше и посетена од др.Лилија Чолакова Дервишова.
Бескрајно БЛАГОДАРАМ добри луѓе, а најмногу од се БЛАГОДАРАМ на тетка Илинка, која за Атиџе се грижи како за нејзина ќерка🙏❤

Добрите луѓе се уште постојат и среќа што е тоа така, па и не залудно се рекло дека првиот сосед  е тука и за арно и за лошо.

Еве една убава фотографија со Атиџе, нејзината прва сосетка Илинка и Сузана . Фотографијата ја сподели водителката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button