Атиџе во издание во какво НЕ сте ја виделе: Нема да ја препознаете, погледнете го и нејзиниот нов дом
„Кралицата на медот“ ги изненади сите со ова свое издание
Познатата водителка објави неколку фотки со медената хероина
Познатата македонска водителка Ирена Спировска објави неколку фотографии на кои е со медената хероина Атиџе Муратова.
Фотографиите се направени на еден настан во Овчеполието, каде главната актерка од документарниот филм „Медена земја“ се појави во издание во какво досега ја немаме видено и ги воодушеви сите.
Имено, медената хероина за оваа пригода избра долг црн фустан со интересен детаљ во пределот на половината и долги ракави од тантела.
Фото: Инстаграм
Таа позираше со насмевка на нејзиното лице, како и водителката Ирена, што кажува дека и двете уживаа во оваа средба.
Фото: Инстаграм
Ирена носеше долг фустан со розово здолниште и бел во горниот дел украсен со интересен дезен во боја иста со здолништето.
Фото: Инстаграм
Тие и двете блескаа една покрај друга, иако беа облечени во контраст, во фустани со потполно различни бои.
Инаку, кралицата на медот живее во Овчеполието, односно во селото Дурфулија каде доби куќа од здружението на граѓани „Бекирлија“.
Фото: Фејсбук
Како што е познато, со помош на Мариа Дуда и хуманите луѓе, трошната куќа на Атиџе во ова село беше целосно реновирана.
Фото: Фејсбук
Атиџе претходно со својата болна мајка живееше во својата стара куќа, каде што и се снимаше документарниот филм.
Фото: Фејсбук
Како изгледа нејзиниот нов дом, погледнете во продолжение: