Иако со траги од маските на лицето, сепак со насмевка во очите.
Ова се нашите медицински сестри Дијана Здравкова и Софија Тодоровска помеѓу хероите од првите редови на Клиниката за инфективни болести.
Министерот за здравство, Венко Филипче на Фејсбук напиша дека враќањето на животот во нормала ќе се одвива постепено и внимателно.
Според него, задолжително треба да се почитуваат три правила, често миење и дезинфекција на рацете, одржување најмалку 2 метри растојание и носење заштитна опрема. Следната недела започнува скрининг тестирање за коронавирус.
Ќе се опфатат лицата за коишто се смета дека се во критични категории, како здравствени работници, вработени во градинки, вработени во домови за згрижување на стари лица, припадници на полиција, возачи во ЈСП и таксисти, вработени во јавни служби (шалтерски работници), пациенти пред хоспитализација.