Анталија е град, опкружен со планини, шуми, медитеранска клима и многу археолошки наоѓалишта.
Според легендата, градот го основал кралот Атал II од Пергамон и му дал име на градот Аталеја. Токму на ова место го има пронајдено она што го барал – рајот на земјата.
Од аеродромот во Анталија може да се отиде до било кој дел на таканаречената Турска ривиера, која ваквиот назив го добила поради природните и историски убавини кои ги поседува. На Анталија ѝ припаѓаат областите Каш, Алања, Манавгат и Кемер. Градот Анталија, главен град на истоимената покраина
Анталија, градот во кој се измешани историја и култура, го заслужува називот „главен град на турскиот туризам“, како што многумина го нарекуваат.
Денес овој град живее во златното доба, бидејќи е трансформиран во културно и историско средиште со тематски хотели кои ја „претставуваат“ Венеција или катедралите во Москва.
Анталија има богата историја, убави плажи и луксузни хотели од кои ќе Ви застане здивот. Во нејзината близина се наоѓа планината Таурус која е покриена со борова шума што поволно влијае на климата.