Анета Љумаковска посреќна од кога било досега – објави ПРЕУБАВА ВЕСТ, од сите добива честитки (видео)
Слушнете го новиот сплет песни со македонски песни од нашата позната фолк-пејачка
Пејачката никогаш посреќна и толку посакувана
Познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска се пофали со својот нов сплет песни што го направи задно со момците од Декапо бенд.
Снимката што тие ја објавија веднаш стана вирална, а многумина им честитаа во коментарите на социјалните мрежи.
Станува збор за нов сплет со најубавите македонски песни кои што Анета ги пее покрај Охридското Езеро, заедно со Декапо.
Принтскрин/ Јутјуб
Облечена во класичен бел комбинезон зачинет со мали, црни копчиња, пејачката блескаше од глава до пети, а повеќе од очигледно е дека и целата екипа на популарниот музички бенд ужива со неа.
И ако судиме според првичните реакции, многумина се воодушевени од оваа нивна соработка, што посебно ја радува пејачката.
Принтскрин/ Јутјуб
Таа неколку месеци по разводот од својот сопруг и завршувањето на сите настапи што претходно ги имаше договорен со нивниот заеднички бенд, оваа соработка ја најави, а од снимката што сега ја објави, изгледа поприлично распеано и посакувано.
Принтскрин/ Јутјуб
Тоа секако е заради љубовта што ја добива од својата публика, а за возврат таа им ги подари овие незаборавни македонски песни.
Станува збор за песните „По сокаци шетав, мамо“, „Кажи Јано“, „Дојди Радо испрати ме“, „Илија море делија“, „Не можам душо не можам“ , „Пусти ти биле меаните Иле“, „Мите море Мите“, „Една наша свадбарска“ и легендарнат „Чаје Шукарие“