Анета направи „земјотрес“ во Кавадарци – изгледаше феноменално, гостите сите до еден воодушевени
Пејачката изгледаше шик во кусото фустанче...
Познатата пејачка на гостите им приреди вечер за паметење
Познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска и овој викенд настапи, овој пат во еден познат ресторан во Кавадарци.
Просторот беше исполнет до последно место, а гостите беа презадоволни од нејзиниот настап.
Љумаковска и овој пат избра интересен стајлинг за својот настап – кус фустан зачинет со светки во комбинација со црн високи потпетици со кои дополнително ги истакна нозете.
Принтскрин/ Фејсбук, Зоки М.
Целото издание го заокружи со нејзината преубава фризура и шминка со која само ги истакна своите убави црти.
Принтскрин/ Фејсбук, Зоки М.
Штом се појави на сцената, гостите почнаа со внимание да ја следат, а песните што ги погодија ги пееја заедно со неа.
Принтскрин/ Фејсбук, Зоки М.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во видеото што следува…
Принтскрин/ Фејсбук, Зоки М.
Инаку, познатата пејачка неодамна ги изненади нашите иселеници што живеат во Австрија, и посебно жените, со веста дека за празникот 8. Март ќе има настап заедно со групата „Молика“.
Повеќе за ова прочитајте тука…