Анета Молика прв пат се огласи по веста дека се разведува – емотивните зборови откриваат како се чувстува
Познатиот пар реши да донесе една ваква тешка одлука
Веќе со денови се зборува за разводот на Анета и Џими
Анета Молика, која важи за една од нашите омилени фолк пејачки, прв пат се огласи по веста дека се разведува од својот сопруг.
Популарната пејачка која неодамна на Инстаграм го промени своето презиме од Мицевска во Љумаковска, сега на својот профил сподели видео на кое е напишана емотивна порака, која можеби најдобро кажува како се чувствува во моментот.
Приватна архива
„Премногу сум стара за да бидам згрижена за тоа кој ме сака, а кој не ме сака. Јас имам многу поважни работи што треба да ги направам“.
Приватна архива
Ако ме сакаш и јас ќе те сакам. Ако ме поддржуваш и јас ќе те поддржувам. Ако ме мразиш, воопшто не ми е гајле. Мојот живот.. ќе продолжи!“ пишува во пораката што популарната македонска фолк-пејачка ја сподели на својот профил на Инстаграм.
Приватна архива
Инаку, веста дека Анета и Џими се разведуваат како бомба одекна во медиумите, а познатата пејачка ја потврди за нашиот портал.
Приватна архива
„Да, точно е дека се разведувам и ја напуштам групата. Но ќе го почитувам договорот, до август идната година да ги одржиме сите настапи“, изјави кратко популарната пејачка за Гламур магазин.
Инаку, Анета и Џими важеа за складен и хармоничен пар, но очигледно решиле дека е најдобро да донесат една ваква тешка одлука и да започнат нова фаза во нивните животи.
Приватна архива
Само неколку дена претходно, Анета го прослави својот роденден без Џими, а на социјалните мрежи објави фотографија од нивната ќерка.
Приватна архива
„Благодарам за целата неизмерна љубов. Ти го заслужуваш светот. Биди најсреќна. Те сакам!“, и го честиташе Мони роденденот на својата мајка која ова стори го сподели на својот профил, па го додаде и следново:
„Благодарам мајкина лепотице!“
Приватна архива
Причината за нивниот развод останува нерешен, но оние што ги познаваат велат дека се соочувале со различни моменти во животот кои досега секогаш успешно ги пребродувале.