Анета Молика и Џими повторно заедно?! Тие го одржија ВЕТУВАЊЕТО, нивните фанови се пресреќни
Анета вчера имаше настап во Германија заедно со Молика во која е заедно со својот поранешен сопруг

Анета Љумаковска по разводот од својот поранешен сопруг Џими Мицковски реши да продолжи сама со својата музичка кариера.
Анета како што самата неодамна откри ќе настапува заедно со бендот „Молика“ и ќе ги одржат сите однапред закажани настапи, но во меѓувреме почна и самостојно да настапува.
„Точно е дека се договоривме со „Молика“ да ги испочитувам сите договорени настапи до 15 август 2024 година и потоа на мирен начин да се разделиме како цивилизирани и возрасни луѓе“.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
„Секако ништо не е вечно, па ни ова. Едноставно секој си продолжува по својот пат“, изјави Анета неодамна за Гламур магазин.
Фото: Фејсбук/ Молика
А дека тоа навистина е така можевме да се увериме и од официјалната страница на Фејсбук на нивната заедничка група.
Фото: Фејсбук/ Молика
Имено, тие вчера имаа настап со бендот Молика, и тоа во Германија, а Џими на својот профил на Фејсук истиот неколку пати го најави, па сподели и фотографии на кои е и познатата пејачка.
Фото: Фејсбук/ Молика
Нова страница во животот
Набргу по веста дека се разведува, таа на социјалните мрежи го врати своето моминско презиме, а објави и неколку фотографии.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Една од нив е и фотографијата што ја објави вчера, а на која е со нејзината ќерка Моника која студира во Германија.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Како што самата откри во интервју за Гламур магазин, во моментов најголема поддршка во животот и’ е нејзиниот брат, но и ќерката со која отсекогаш се однесувала како да се другарки, а не мајка и ќерка. Таа ја искористи приликата да се види со неа додека е во Германија, а во една пригода за нивниот однос изјави:
„Најголемата поддршка ми е мојата фамилија, најповеќе мојот брат на кој сум му благодарна до небо. Иако не е тука тој е многу важна личност во мојот живот без кој не можам да донесам ниту една одлука“, изјави Анета тогаш за нашиот магазин, па се надоврза и за нејзината ќерка.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
„Можам да се пофалам како и секоја мајка дека имам прекрасна ќерка со која се гордеам максимално и која ме поддржува“, изјави Анета.
Целото интервју со Анета прочитајте го тука…