Анета им го дигна притисокот на НАШИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ од Германија – тесното фустанче ги воодушеви сите
Познатата фолк-пејачка имаше одличен настап на една прослава во Германија, а многумина за неа велат дека никогаш не изгледала поубаво
Многумина се воодушевени од она што го гледаат
Нашата позната фолк-пејачка Анета Љумаковска во последно време се почесто го привлекува вниманието на јавноста.
Откако како бомба одекна веста дека пејачката се разведува, таа неколку пати се огласи и јавно кажа дека не сака премногу да зборува на оваа тема. Не сакаше да ги открие и вистинските причини за разводот, но како што и во интервју за Гламур неодамна потенцираше, кога нешто не оди, најдобро е тоа да се прекине и да се продолжи понатаму во животот.
И очигледно дека пејачката полека го остава тешкиот период зад себе и решена е да сврти нова страница во животот.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Впрочем тоа го покажува и со своите најнови објави на социјалните мрежи каде многумина и порачуваат дека е поубава од кога било досега.
Па така откако и на Фејсбук го промени името на профилот, таа почна често да објавува фотографии од своите соло настапи.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
И каде и да се појави, пејачката која важи за исклучителен професионалец знае да направи одлична атмосфера.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа секогаш го дава својот максимум и на секој свој настап воодушевува, а овој пат ги изненади сите и со своето беспрекорно издание.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Облечена во тесен зелен фустан Анета едноставно блескаше, а целото издание го зачини со црни високи потпетици и шик фризура.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Потсетуваме, Анета важи и за една од нашите омилени пејачки во дијаспората, па пред неколку дена ги спакува куферите и замина во Германија, каде заедно со својата „тајфа“ настапи на една убава македонска прослава и ги воодушеви сите.
Како Анета изгледаше и во ова издание, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Славе Најдовски
Фото: Инстаграм/ Горан Божиновски
Фото: Инстаграм/ Горан Божиновски
Погледнете го и ова нејзино издание…