Андријана Јаневска го покажа СВОЈОТ ТАТКО: Пејачката е негова копија – публиката воодушевена
Популарната македонска пејачка е копија на својот татко, а оваа фотографија го докажува тоа.
Андријана јавно му го честиташе роденденот на својот татко, а под нивната најнова фотографија веднаш почнаа да се нижат честитки.
Својата музичка кариера Андријана Јаневска ја започна уште додека беше релативно млада, а една е од ретките поп-пејачи кои може да се пофалат со многу хитови, успешни концерти и освоени награди.
Заедно со Тоше Проески и Каролина Гочева ја освојуваше Македонија, а нејзините хитови се паметат до ден денес.
Денес таа е прва виолина во Македонската опера и балет, доцент на Факултетот по музичка уметност, а предава и во своето музичко училиште.
Освен на професијата, максимално е посветена и на своето семејство.
Таа и нејзиниот сопруг, познатиот македонски гитарист, Драган Гиновски Гино, со кој е во брак од 2009 година, се сопственици на музичкото студио Гиновски.
Плод на нивната љубов се нивните синови Димитар и Кристијан.
Мирот и спокојот го пронаоѓаат во својата куќа во Бардовци.
И самата Андријана има кажано дека нејзиниот двор не би го менувала за ниедна градска локација.
Пејачката често споделува фотографии од своето семејство на Инстаграм, но за првпат го покажа својот татко.
Андријана јавно му го честиташе роденденот на својот татко, а под нивната најнова фотографија веднаш почнаа да се нижат честитки.
„Среќна 70ка, тато! “, напиша таа.
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска
ФОТО: Инстаграм / Андријана Јаневска