Анастасија се врати кај својата мајка, но болката остана – погледнете што прави и со кого го минува времето
Пејачката се врати во Белград по големата трагедија
Таа беше во петтиот месец од бременоста пред да и се случи спонтаниот абортус, по што реши да се врати во Белград.
Таа подолго време беше кај својот сакан, фудбалерот Немања Гудељ, кој беше и првиот што ја соопшти тажната вест во јавноста.
Тие престојуваа во Шпанија, каде што Немања игра за тимот на Севиља и од каде Анастасија не можеше да се врати во Белград.
Како нејзината мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ откри во една пригода, нејзината ќерка поднела документи за престој во Шпанија и од тие причини затоа не била во можност да се врати во својата земја.
Но по она што и се случи, Анастасија сепак реши да се врати и тешките моменти да ги помине со нејзиното семејство.
И откако неколку дена немаше информации, нејзината кума, Тара Милутиновиќ објави снимка од која може да се види како дава сé од себе за да ја расположи својата најдобра пријателка и да и ја врати насмевката. Имено, Тара и Анастасија се најдобри другарки од мали, а пејачката уште пред неколку години одлучи токму оваа пријателка, која инаку е актерка, да и биде кума.
Потсетуваме, само еден ден претходно братот на Анастасија, Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана Ражнатовиќ го прославија третиот роденден на нивниот прв син Жељко.
На роденденот пријателите и роднините се собраа во Тител, за да го одбележат овој важен датум со славеникот.
Но заради трагедијата што и се случи на Анастасија, тие решија да не прават голема веселба, туку прославија интимно,
Од она што „исплива“ на социјалните мрежи, може да се види дека сé беше во сина боја, со мотиви од цртаниот „Патролни шепи“.
Малиот Жељко беше највесел додека ги гаснеше свеќичките на тортата на неколку ката, а другарчињата му ја пееја роденденската песна.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм