АНАСТАСИЈА РАЖНАТОВИЌ Е БРЕМЕНА: Се слави во домот на Цеца, парот го откри и полот на бебето- еве кога треба да се породи
Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ се во врска повеќе од една година, тие се неразделни уште од првиот ден, а пејачката го следеше и за време на Светското првенство во Катар.
Младата поп ѕвезда и фудбалерот на Севиља денеска соопштија убави вести, имено тие за прв пат ќе станат родители.
Како што ексклузивно пренесе српскиот Телеграф, ќерката на Цеца е бремена во четвртиот месец, а парот неодамна го дознал и полот на бебето.
Имено, Анастасија и Немања по тестот и ултразвукот откриле дека кон средината на септември ќе добијат девојче, што особено ги израдувало.
Среќната вест веќе ја споделија со најблиските членови на семејството и пријателите, а меѓу најсреќните беше Цеца која се расплака кога и кажаа.
Анастасија и Немања веќе почнаа да живеат заедно во Севиља, а собата за бебето интензивно ја опремуваат. Она што се уште не го решиле е името на девојчето.
Пред три дена беа на заедничка забава, а иако се обиде да го сокрие трудничкиот стомак, сепак наѕира, на фотографиите.