Анастасија Ражнатовиќ во посета на манастирот Острог: Не може да се помири со загубата на бебето- еве кој и прави друштво на ова свето место
Анастасија се уште не може да се опорави од загубата на бебето...
Пред околу еднен месец, Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ споделија тажни вести со јавноста.
Парот го загуби бебето, во петтиот месец од бременоста. Анастасија не се огласи по тој повод, но нејзиното момче Немања Гудељ замоли на разбирање бидејќи ова е тежок момент за нив.
Медиумите сега пишуваат дека Анастасија пред неколку дена тајно престојувала во манастирот Острог.
Како што дознава Курир од извор кој бил присутен во истиот момент, ќерката на Цеца Ражнатовиќ го посетила ова светилиште во друштво на нејзиниот вереник Немања, неговиот брат Драгиша и неговата девојка.
По враќањето од Шпанија, Анастасија останала неколку дена во семејната куќа на Дедиње, а потоа со своето момче заминала во Требиње, каде поминале неколку дена одмор.По враќањето од Требиње решиле да го посетат едно од најголемите светилишта во Црна Гора.
– Анастасија дојде во манастирот да ги целива моштите на св. Василиј. Таа беше во друштво со момчето Немања, неговиот брат и уште една девојка. Анастасија се трудеше да биде крајно незабележлива. Таа се однесуваше како сите обични верници. Беше без шминка, во тексас јакна. Се чинеше дека многу ослабела, сето ова лошо што и се случило оставило свој белег на неа. Штом пристигнале, дежурниот монах им прочитал молитви за здравје и спас. Останаа извесно време во Горниот манастир, купија сувенири и запалија свеќи. Анастасија и браќата Гудељ не сакаа да се дознае дека се на Острог, па на социјалните мрежи не објавија ниту слики. Сепак, иако пејачката се обидела да биде незабележителна, некои посетители на манастирот ја препознале и побарале да се фотографираат. Таа не ги одби, иако тој ден не и беше желба да се слика – изјавил изворот за српски Курир.
Инаку манастирот Острог е посветен на Свети Василиј Остошки. Неговите мошти се наоѓаат во овој манастир кој е еден од најчесто посетуваните на Балканот.
Острошкиот манастир има над 100.000 посетители годишно. Го посетуваат верници од сите делови на светот. Да се помолат за здравје доаѓаат сите: православни, католици и муслимани.
Според расказите на аџиите, молејќи се по неговото тело, многумина биле излечени и молитвите им се исполниле.