Анастасија наместо да се грижи за свадбата, поминува низ НАЈТЕШКИОТ ПЕРИОД во својот живот (фото)
Сепак, пејачката е среќна што го има својот сакан покрај себе
По големата загуба, пејачката реши некое време целосно да се повлече од социјалните мрежи…
Познатата пејачка Анастасија Ражнатовиќ во петтиот месец од бременоста го изгуби своето бебе.
По овој трагичен настан таа реши да ги изгаси своите профили и сосема да се повлече од социјалните мрежи.
Но и покрај тоа што ја нема на нејзините профили, речиси секојдневно се случува некој од нејзиното блиско опкружување да сподели фотографија на која е и пејачката и да открие што прави таа во овие тешки моменти, како изгледа и како го минува времето.
Па така пријателот и личниот шофер на Немања, Рашид, беше првиот што објави снимка на која што е и Анастасија.
Тоа беше по победата на Немања кога неговиот тим се пласираше во Лигата на шампионите. Пејачката беше на трибините и го бодреше својот сакан, а по победата можевме да видиме како се радува.
Пејачката потоа реши да се врати кај своето семејство во Белград и со нив да го помине овој тежок период, а по неколку дена замина во Требиње, каде е и нејзиното момче Немања со неговиот брат Драги.
Фотографијата ја објави Немања на својот Инстаграм, а со нив е и девојката на неговиот брат, Лана Лазаревиќ.
Повеќе од очигледно е дека фудбалерот не се одвојува од својата сакана и ѝ дава огромна поддршка во овој тежок период за неа.
Тој во последно време на Инстаграм покрај снимки и фотографии од тренинзите и натпреварите, се почесто споделува и моменти на кои што е со својата сакана која очигледно верно го следи секаде.
Овој пат тие заедно со братот на Немања и неговата девојка уживаа во прошетката низ убавиот босански град. Тие направија селфи со кое покажаа дека се среќни и дека најтешкиот момент го пребродиле заедно, токму онака како што напиша фудбалерот во својата порака која прв пат ја откри тажната вест за загубата.
„Ова е болен момент за нас, но нашата љубов ќе го победи и ова“, напиша Немања тогаш на својот профил на Инстаграм.
И 100 & беше во право…