Анастасија донесе тешка одлука откако го изгуби бебето – пејачката сака да се врати кај својата мајка
Пејачката поминува низ најтешкиот период низ кој што може да помине една жена
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ го изгаси својот Инстаграм и потполно се повлече од јавноста откако го изгуби своето бебе.
Оваа вест ги згрижи нејзините бројни обожаватели, но на пејачката не и требаат дополнителни стресови и затоа реши да го направи овој чекор. Таа моментално поминува низ најтешкиот период во животот, а како што пишуваат медиумите од соседството, Анастасија планира да се врати во Белград.
Како што пишува српскиот портал „Информер“, ќерката на Цеца најверојатно веќе прикрај на неделата би требало да се врати дома, а наводно биле готови и документите за престој во Шпанија, заради кои подолго време не можеше да се врати дома.
На Анастасија ѝ е потребен мир, па го изгаси својот профил на Инстаграм и се повлече од јавноста. Немања цело време е со неа и тој ѝ е најголема поддршка, вели извор за гореспоменатиот медиум..
Како што пишува „Информер“, Анастасија одвај чека да се врати дома каде прв пат ќе го види и малиот Крстан, синот на Богдана и нејзиниот брат Вељко. Таа досега го нема видено, освен преку камера, а многу и’ недостига и’ малиот Жељко, првиот син на Вељко и Богдана кого таа го обожава, како и нејзината мајка Цеца.
Потсетуваме, младата пејачка деновиве го изгуби своето бебе, а тажната вест прв ја сподели на Инстаграм нејзиното момче, Немања Гудељ.
Гудељ преку својата порака замоли за приватност бидејќи не сакаат да даваат изјави на оваа тема и истакна дека ова е многу тежок момент за сите нив, а посебно за неговата сакана.
По оваа објава тој повторно се огласи преку социјалните мрежи и со повеќе објави им се заблагодари на сите за поддршката.
„Ви благодарам!“ напиша тој во една од објавите, додека на другите ги гледаме пораките со поддршка што ги доби од колегите.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
.