Ана од Охрид беше скршена од болка по трагедијата во нејзиното семејство, но сега ги воодушеви сите
Македонката убедливо победи во гласањето на Фејсбук и го продолжува натпреварот
Шармантната Ана Трајковска (42) три години по смртта на својот татко реши да се пријави во емисијата „Никогаш не е доцна“.
Таа откри дека заради смртта на својот родител некое време не пеела, но сега е решена да го продолжи својот пат.
Како што самата истакна, со пеење се занимавала долго време, преку 25 годни. Но пред три години направила пауза бидејќи починал нејзиниот татко, но сега решила да продолжи и тоа на овој начин.
Фото: Никогаш не е доцна
„Од мали нозе сум во музиката, тука се пронајдов, но жалам што не завршив медицина и што немав доволно финансии да вложам во школување“, беше искрена Ана.
Таа истакна дека по смртта на нејзиниот татко паднала во депресија и се повлекла од светот на музиката.
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Во Македонија работела како телевизиска водителка, а досега има настапувано низ целиот свет. Сепак, Ана не крие дека дома и е најубаво, но и за што мисли дека никогаш не е доцна во животот.
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
„Никогаш не е доцна за љубов, да биде човек добар во душата и да ги оствари желбите“, истакна Ана по емисијата.
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Трајковска не се пласираше директно во следниот круг, туку два дена водеше борба во онлајн гласањето со Зоран Пауновиќ.
Публиката преку Фејсбук на крај одлучи кој од нив ќе оди понатаму, а тоа е пејачката од Македонија.
Таа водеше од самиот почеток на Фејсбук, а на крај победи со поприлично повеќе гласови од Зоран и го продолжи шоуто.
Фото: Никогаш не е доцна
Кога прв пат се појави пред жирито и на грандиозната сцена водителот Жика Јакшиќ се интересираше дале е мажена.
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
За среќа за малку, но се спасив“, одговори таа со што ги насмеа сите, а потоа откри и дека скоро излегла од долга врска.
„Не би сакала повторно да се залетувам во друга“, изјави тогаш Ана, а по нејзиниот настап Саша Милошевиќ Маре истакна дека била одлична на сцената и дека никогаш повеќе не треба да престане да пее.