Реклама
Интервју

Александра Јанева: „Понекогаш треба да пееш добро, кога не се чувстуваш добро“

Реклама

Девојката која имавме можност да ја запознаеме како победник  на музичкото шоу „Сите наши песни“ во 2013 година , а подоцна и како победник и на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во 2013 и 2016 година. Александра Јанева веќе  5 години активно чекори по музичката сцена. Сло­бод­но­то вре­ме обо­жа­ва да го по­ми­ну­ва со најб­ли­ски­те лу­ѓе. Ги обо­жа­ва ча­со­ви­те по пе­е­ње, на­ста­пи­те во жи­во и про­ше­тки­те во при­ро­да.

Како се роди љубовта кон пеењето?

Маркетинг

Од мала се будам со музика. Секогаш првото нешто кое го одбирав на ТВ беше MTV, VH1 или некоја музичка емисија. Со секоја нова песна на моите тогашни пејачки идоли, сè повеќе се вљубував во музиката и бев жедна за повеќе. Запишувањето во основното музичко училиште во Струмица беше првиот тест за мојата музикалност и слух. Кога почнав да добивам поддршка од образовани музичари, почнав да верувам дека можам да пеам и во јавност. Така некако.
Колку на еден пејач животот му е секогаш песна?

„Штом љубовта боли, права е знај”.  Сите ние кои ја чувствуваме музиката како најголема љубов, знаеме колку радост и тага може да предизвика. Мојот професор по пеење, Владо Србиновски, знае да каже: „Патот на еден пеач е полн со турбуленции. Сè што ни се случува во надворешниот свет се одразува на гласот.“ Понекогаш треба да пееш добро, кога не се чувстуваш добро. Публиката е дојдена за тебе и не сака да ја разочараш. Искуството и созревањето во музичкиот свет понатаму нè учи како да ги прикриваме тие мали недостатоци кои ги имаме и како да го дадеме максимумот од себе.

Маркетинг

Што е она што го сметаш за твој најголем успех?
Дали постои доволно голем успех во оваа професија, имајќи ги за репер светските музички ѕвезди?  Што и да направиме е малку за музичкиот универзум кои практично тие го дефинираат. Но, тоа не значи дека не се радувам на секој мал успех и не се надевам на поголеми. Нешто што ме прави посебно среќна и благодарна е љубовта која ја добивам од мојата публика. Нема поголемо задоволство од тоа да видиш дека имаш лојални фанови кои те сакаат онаков каков што си, и секако со нетрпение го очекуваат секое ново парче музика од тебе.


Каков би бил светот според тебе, доколку во него нема музика?

Колку и да звучи клише, музиката несомнено е лек за сите кои ја консумираат. Знае да нè насмее, да нè расплаче, да предизвика една бура од емоции, која кога ќе се стиши остава еден спокој и мир во нашата душа.

Што следно може да очекува публиката од вас?

Доколку сè оди според планот, до крајот на годината би требало да ја заокружам таа моја полудеценија на македонската сцена со еден албум. Ќе биде компилација од моите први песни и најголеми хитови, нови песни во соработка со повеќе автори и неколку мои кант–авторски песни.

aleksandra janeva

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button