Реклама
Наши ѕвезди

Александра откри зошто ги „спакува куферите“ и си замина од најпопуларното кулинарско шоу во нашата земја

Реклама

Водителката Александра Илиевска заради своите обврски ги откажа популарното кулинарско шоу „Брза кујна“ во кое е речиси од самиот почеток.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Популарното кулинарско шоу „Брза Кујна“ се емитува на телевизија Сител и неодамна започна со снимањето на новите епизоди, а шефовите Марк и Никола се пофалија дека оваа сезона ќе имаат и нова водителка, Сања Савевска, познато телевизиско лице од Телевизија 24.

Александра која во шоуто дојде по Билјана Максимовска, која што ја водеше првата сезона на шоуто, и остана во следните пет години, во новата сезона ќе направи пауза, а причините за тоа таа ги откри во интервју за порталот „Вистина“. Имено таа откри дека е во блажена состојба и дека ќе направи пауза затоа што очекуваат принова во семејството.

Маркетинг

„Јас сум дел од тимот, но во оваа сезона како гледач и најголем поддржувач бидејќи на пат е најубавото нешто што го посакуваме со сопругот, принова во семејството. Здравје, следната сезона со нови знаења и умеења од кулинарство во друштво со нов член на семејството, ќе биде предизвик да се сподели пред македонската јавност“, изјави симпатичната водителка за споменатиот портал.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Инаку, познатата водителка е во брак со својот сопруг Александар со кого долги години беше во врска пред да застанат на лудиот камен.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

„Со Александар сме 16 години заедно и уживаме во љубовта. Благодат е во животот да пронајдете партнер кој ќе ви е поддршка во се. Тој е мојот најголем критичар и личност која секогаш е реалист, а јас сум сонувачот“.

„Животот е компромис, во секој сегмент треба да се има разбирање и поддршка за нешто да успее, а љубовта се негува за да опстои долги години“.

Инаку, Александра важи за една од нашите најпознати, но и најубави водителки, која секогаш изгледа интересно и модерно. Таа во една пригода, во разговор за „Гламур магазин“ ја сподели тајната на својата убавина, односно ни откри како го негува своето лице. Еве што ни изјави тогаш таа:

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

„Не е речено без причина дека лицето е огледало на нашата личност. Основен услов за кожата е секојдневната нега. Но и без вода, нема убавина. Пиењето вода за мене е најважно, како и сонот, барем 7 часа дневно“ вели таа.

„Секојдневно имам рутина по завршување на сите работни обврски темелно да ја чистам кожата со млеко и тоник и секогаш користам соодветен крем кој се трудам да е без парабен и за тело и лице. Утрата ми започнуваат рано, со соодветен крем и шминка која гледам да е едноставна со секогаш убав и соодветен кармин“.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

„Кармините ми се слабост и ги имам во голем број и нијанси. Еднаш во месецот правам и пилинг за да го одстранам слојот на изумрени клетки“.

Што се однесува до тоа какви препарати користи за нега на лице, Александра тогаш го изјави следново:

„Сè повеќе се препорачуваат природни препарати за нега на кожата. Исто така, постојано се зборува за здравите навики, како и здравата нега. Денеска постојат голем број на рецепти од природни состојки, кои се одлични за кожата поради тоа што не содржат парабени и други штетни материи. Јас правам комбинација и се трудам се почесто да применувам препарати кои не содржат парабен, а се добри за мојата кожа. Но, сепак сонот и одморот кога ќе се исклучите од реалноста и секојдневните обврски без интернет, телефон и тв ви ги заменуваат сите третмани и препарати, а се добри и за телото и за духот, изјави убавата водителка.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button