Александар од Нови Сад е роден како жена „Живеев туѓ живот, сега не сакам да се кријам повеќе“
Александар е 24-годишно момче од Нови Сад, по занимање физиотерапевт, фитнес тренер и келнер, а моментално во овој период на корона води онлајн тренинзи за своите клиенти. Оние кои што го познаваат, а ги има многу не можат ниту да претпостават дека Александар е роден како жена.
Живеев туѓ живот
Откога имал свест за себе, Александар се сметал за момче, но она што го довело до заблуда е што во огледалото секогаш гледал девојче.
„Во моментот кога сфатив дека се чувствувам поинаку беше сѐ уште рано, кога ѝ да имав вистинската свест за себе и своето постоење, можеби на мои пет или шест години. Кога сте дете, немате токму чувство што е машко, женско и тој вид на поделба, едноставно имате потреба да си играте со кого сакате и со што сакате. Не криев од родителите како се чувстувам зошто воопшто не го сфаќав тоа како нешто што потенцијално би требало да се крие. Моите ми даваа слобода секогаш да се ишишам и да се облечам како што сакам и да се дружам со кој сакам. Бев многу несреќен во пубертетските години, зошто телото се разви на друга страна од онаа која ја сакав и мислев дека сум целосно изгубен случај. Тоа чувство дека живеете туѓ живот мислам нека никогаш нема да успеам да го раскажам некому, вели ова момче.
Како што растел, во него растела и желбата одразот кој го гледал во огледало да биде изглед на личноста каква што се чувствувал од внатре. Одлучил и физички да стане маж.
„Сакам да излегам како маж“
Во периодот кога Александар одлучил физички да се менува, мал број на луѓе во Србија поминале низ она што него го чекало, па немал никого со кого да се посоветува и да му укаже на тоа што е важно. Сепак, недостатокот информации не го поколебале во намерата.
„Транзицијата ја почнав на 19 години, немав од кого да слушнам и видам какво искуство има врзано за целата таа приказна. Некаде на интернет прочитав за мајорот Хелена и тука ги добив првите информации за тоа кому да му се обратам и како изгледа почетокот на тој процес Моментално сум во фаза на опоравување од најновата операција која ја имав пред седум недели. Ме чека уште една помала интервенција за некои шест месеци, се надевам дека тогаш ќе биде готово“, раскажува Александар за весникот „Блиц“.
„Поради транзицијата ги изгубив пријателите“
„Коментарите од околина на почетокот беа поделени, се случи да ги изгубам пријателите, додека некои луѓе тоа прилично одлично го сфатија. Пресуден момент беше кога и самиот се прифатив себеси и сфатив дека тоа е нешто најнормално и уште еден битен дел од мојот идентитет и дека никогаш нема да се сложам да се скријам и да ја наведнувам главата. Глава во песок за трансродните лица е најранливо место и никогаш нема да живееме слободно и среќно додека не пресечеме сами со себе и не се прифатиме себеси. На некои луѓе им е потребно подолго, некои и после операцијата се кријат и не се среќни, но на тоа треба да се работи и што повеќе да се зборува за тоа. Негативните коментари врз мене сега немаат никакво влијание, а да бидам искрен од кога живеам нормално и со крената глава, негативни коментари нема“, вели момчето.
Транзицијата не е само тестостерон
„Секогаш говорам дека транзицијата не се само хормонот и операциите, постои и психички и емотивен момент.
Доколку научиме да се прифаќаме себеси, толку животот ќе ни биде поубав и обратно. Прво од себе и од огледалото, а потоа се останато. Тоа е клучна работа, што повеќе отворено зборувате за себе и за своите емоции, а што помалку молчите и ги туркате работите под килим“, вели Александар.
Ова момче има и свој ЈуТјуб канал за кој снима видео клипови во кои зборува за себе и својата транзиција, а како најголем мотив наведува дека сака да им помогне на другите трансродни лица и оние кои не се сигурно во својот родов идентитет.
„ЈуТјуб каналот го отворив токму од причина што ние мажите, посебно трансмажите, многу затворени и многу малку комуницираме. Посебно за овие теми и треба да се зборува. Кога почнав да зборува за тоа јавно, ми се јавија многу трансродни мажи од сите возрасти, некои за совет, некои само за да разговараат, и драго ми е што можам од моето искуство да им помогнам или да ги насочам на нашите доктори. Јас таа помош на почетокот ја немава и токму од таа причина сакам другите да ја имаат“ – вели тој.
Среќен сум секоја секунда секој ден
„Минатата година не успеав да се запишам на Медицински факултет, се надевам дека годинава ќе успеам да влезам на студии. Засега тоа сѐ уште е во доменот на фантазијата, но би сакал еден ден да основам фондација за помош на трансродни лица, за токму се она што им треба овде во Србија, од почетните фази до операциите“, заклучува младиот Александар.