Владата во Србија предводена од Вучиќ и Брнабиќ најави клучни проекти и реформи во следните пет години, со инвестиции од околу 14 милијарди евра.
Тие со реформите ветуваат зголемување на платите и пензиите, како и вложување околу 700 милиони евра за поттикнување на демографскиот раст и политики кои ќе допринесат младите да не се иселуваат од земјата.
Премиерката Ана Брнабиќ и претседателот Александра Вучиќ го претставија планот за иднина „Србија 2025, а како клучни точки ги истакнаа регионалното поврзување, основање на финансиски пазар и нови јавни претпријатија, одржлива економија, реформи во образованието, вложување во енергетика и инфраструктура и поттикнување на младите да создаваат семејство и наместо да заминат во странство, да останат во Србија.
Премиерката Брнабиќ во контекст на регионалното поврзување укажа и на иницијативата наречена „мини Шенген“, која на Србија ќе и овозможи пристап до поголем пазар, ќе ги намали трошоците за работење, ќе ја зголеми конкурентноста. Со примена на „мини Шенген“, ќе се влијае позитивно на економскиот раст од 0.5 до 0.7 отсто, но истакна и дека е важно да се реформираат институциите за да ги поттикнат извозниците.
Проектот во рамките на планот Србија 2025 е вреден околу 14 милијарди евра, а ќе се финансира од меѓународни финансиски институции, но со строг надзор за да не биде загрозена макроекономската стабилност на земјата. Вучиќ изјави дека во ноември Србија имала најголем раст во Европа од шест отсто и дека годината ќе заврши со раст од четири отсто, додека прогнозите биле 3.5 .
Просечна плата од 900 евра
Претседателот Александар Вучиќ со овој план вети и просечна плата од 900 евра и пензија помеѓу 430 и 440 евра.
Според него, вложувањата во Србија во текот на оваа година достигнале 3.8 милијарди евра, што е за девет отсто повеќе од 2018 година
„Нашиот план и наша проекција – а на граѓаните тоа им го ветивме – на крајот од 2025 година во Србија просечна плата да биде 900 евра, а просечна пензија помеѓу 430 и 440 евра“, им вети Вучиќ на граѓаните.
„Тоа е она што за кратко време, за пет и пол години, можеме и мораме да го направиме“, изјави тој пред новинарите
Метро во Белград
Вучиќ кажа дека државата губи цела една генерација и дека во Србија просечната старост е 46 години. Затоа најавува посебни програми за младите брачни парови, за што ќе бидат обезбедени 500 милиони евра, за да ги поттикне младите да останат дома и да не заминуваат во странство. Најави и вложување во патна инфраструктура од 5.08 милијарди евра, во железничка инфраструктура нешто повеќе од 3.5 милијарди, а во тие вложувања се пресметани и околу 1.3 милијарди евра за изградба на метро во Белград.
А што се случува кај нас
Ова видео најдобро кажува каква е состојбата кај нас. И не е само Тафталиџе во прашање, истото е во скопски Аеродром, Охрид, Тетово…
Наместо народот, профитираат поединците!