Актерката Јелена со апел: Мајка ми цел живот работеше во конфекција…сопствениците во оваа кризна состојба да го стават здравјето на своите работници пред профитот
Актерката Јелена Јованова, популарната Јелена од Драчево до сопствениците на конфекции во оваа кризна состојба да го стават здравјето на своите работници пред профитот.
Растев во конфекциски град.Мајка ми (веќе во пензија) цел живот работеше во конфекција.Ретко 8, најчесто 9,10,12,15 работни часа на ден.Од мал учиш како профитот на конфекционерските газди им е побитен од здравјето на вработените.
Денот го поминуваат стуткани една до друга, припиени до машините за шиење. Многу често единственото ‘сонце’ се сијалици зашто во некои од нив нема ни прозори.Да не ја отвораме темата како немаат соодветен простор за ручек пауза, како стоејќи една до друга напикани во импровизирани ‘собчиња’ јадат и пак си дишат во врат!Вирусот кој никако не треба да се потцени можеби веќе е на прагот во Штип.
Се надевам дека ЕДНАШ во нивниот живот газдите на конфекциите ќе бидат ЧОВЕЧНИ И СОВЕСНИ и ќе ги заштат своите вработени и себе си.Една заболена работничка без претерување може да значи цел град!!!Еднаш БАРЕМ ЕДНАШ не ја мерете длабочината на вашиот џеб туку неизмерната длабочина и убавина на солидарноста, на одговорноста што ја имаме едни код други како луѓе!