Актерката Лидија Вукичевиќ позираше топлес во центарот на Скопје – горат социјалните мрежи
Повторно провокативни фотографии на нејзиниот Инстаграм
Познатата актерка и покрај тоа што е во сериозни години не престанува да провоцира преку социјалните мрежи.
Имено, таа при посетата на Македонија, каде беше сместена во еден хотел кој се наоѓа во строгиот центар на Скопје, реши да се пофали и да им покаже на своите фанови како ужива во нашиот главен град.
Атрактивната српска актерка која многумина ја памтат по нејзините улоги во „Жикина династија“ и „Подобар живот“ беше гостинка во нашата земја со нејзината хит комедија „Чекајќи го министерот“.
Таа објави на Инстаграм фотографија на која се гледа дека топлес лежи во креветот и максимално се опушта.
Добро утро, напиша кратко актерката во коментарите, а потоа следуваа бројни лајкови и комплименти на сметка на нејзиниот изглед.
Многумина се прашуваат кој е среќникот што стои зад фотоапаратот и ја фотографираше актерката во ова издание.
Но Лидија тоа секако дека не го откри.
Еве уште неколку фотографии од нејзината посета на Македонија.
https://www.instagram.com/p/B4znRdjH3fu/
https://www.instagram.com/p/B4wAg0En4fC/